Видео) Радев: Нема место за средба со Мицкоски. Tој има проблем со ЕУ , не билатерален со нас.

Премиерот на Бугарија, Румен Радев ја одби јавната покана од премиерот на С.Македонија Мицкоски.

-Немаме што да си кажеме јас и Мицкоски – вели Радев.

-Нема место за таква средба, тие имаат проблем не со нас туку со EУ. Проблемот не е билатерален туку треба да ги убеди членките на ЕУ дека ги почитуваат човековите права и може да ја гарантира безбедноста на сите дипломатски преставништва на територија на Македонија. Тие не само што не ги штитат како што беа палењата туку и ги стимулираат и ги користат во изборни кампањи – изјави премиерот Радев.

Тој потсети дека Бугарија инсистирала на вклучување на Бугарите во Уставот, токму за да ги заштити нивните права.

– Тогаш бев сам против сите. Успеав да ги убедам сите европски лидери да го сфатат проблемот со почитувањето на човековите права, за да можеме да го поставиме најферското нешто во преговарачката рамка – вклучување на Бугарите во Уставот и спроведување на Договорот за добрососедство, особено вториот протокол – изјави Радев.

Тој посочи дека во последно време има колебање во ставовите кај некои европски лидери во врска со ова прашање, а тоа го забележал и на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Црна Гора.

– Сега јас повторно мора да вложувам напори да ги убедам каде и како треба да се држи Европа, како сојуз кој теба да ги штити интересите на сите граѓани во тој сојуз. Има колебање во ставовите на редица европски лидери, кое настана во времето кога мене ме немаше во ЕУ. Некој не си ја завршил работата. Сега јас треба повторно да ги убедам лидерите на ЕУ дека консензусот постигнат во јули 2022 година мора да се почитува. Тоа и ќе го направам – рече Радев.

Изјавата на Радев во целост прочитајте ја тука

Back to top button
Close