Радев од Брдо: Скопје да ја признае историската вистина како што тоа го направи со Грција

Бугарскиот премиер Румен Радев, овде во Брно по средбата со Заев изјави дека очекува потпиување на билатерален протокол со Македонија во почетокот на ноември. Во тој протокол според Радев точно и прецизно да се напишат обрските што Македонија ќе ги преземе, пренесува тв24.

„Очекувам Бугарите, македонските Бугари, да бидат запишени во уставот на Северна Македонија, а историската вистина да се признае, така како што беше признаена историската вистина со Грција и договорот од Преспа.

Очекувам смели решенија во историјата и во учебниците. После потпишувањето на протоколот тој треба да биде прифатен прво од соранието на Бугарија, а потоа и во Македонија”, рече Радев.

Тој не остави простор за почеток на преговорите без овој протокол и без решенијата што ги напомена. Како што вели 4 години слушаме само ветувања и декларативни изјави но нема ништо од конкретни чекори. Ни требаат гаранции на највисоко ниво, како дел од преговорите, вели Радев, кои најверојатно ќе влезат во поглавјето 35.

 

Back to top button
Close