Радев огорчен поради тоа што притисокот од ЕУ врз Софија е поголем отколку врз Скопје

Притисокот врз Бугарија да се согласи за почеток на преговорите меѓу Република Северна Македонија и Европската Унија е огромен, а парадоксално е тоа што притисокот врз земјата членка е поголем отколку врз земјата кандидат, изјави бугарскиот претседател Румен Радев на конференцијата „Европска перспектива за добрососедски односи меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија“, што се одржува под негово покровителство во Националната палата на културата.

„Се користат секакви методи за лобирање и притисок врз Бугарија преку нашите сојузници и европските институции за да се укине ветото за почеток на преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ“, рече шефот на бугарската држава, пренесуваат бугарските медиуми.

Според Радев, притисокот бил особено силен за време на двата европски совета одржани минатата година, кои биле подготвени да ги разгледаат прашањата за проширувањето, но тоа не се случило бидејќи ставот на Бугарија бил поддржан од останатите членки.

Денешниот форумот го организираат Институтот за историски истражувања при Бугарската академија на науките (БАН) и Македонскиот научен институт (МНИ) под покровителство на Радев. Конференцијата е во спомен на Гоце Делчев, чија смрт денеска одбележува 119 години.

Back to top button
Close