Радев: Парламентарни избори во Бугарија на 28 март 2021 година

Парламентарните избори во Бугарија ќе се одржат на 28 март 2021 година, изјави бугарскиот претседател Румен Радев за агенцијата БГНЕС.

– Изборите треба да се одржат на време со испорачани и лиценцирани машини и со сите мерки за да се гарантира правото на глас на секој Бугарин, додаде Радев.

Пред неколку месеци во градовите низ Бугарија секојдневно се одржуваа масовни протести со барање за оставка на премиерот Бојко Борисов и главниот обвинител Иван Гешев поради корупција.

Претседателот Румен Радев тогаш во изјава пред Парламентот и порача на Владата дека треба да си замине и да се организираат предвремени избори.

Борисов, кој е на власт речиси 10 години, одбиваше да поднесе оставка пред истекот на неговиот трет мандат во март следната година.

Back to top button
Close