Радев разговарал и со Макрон за С Македонија
На средбата со Штајнмаер, претседателот на Бугарија денеска во Стразбур имал разговори и со францускиот претседател
Бугарскиот претседател Румен Радев разговарал и со францускиот претседател Емануел Макрон за европската перспектива на С Македонија, што официјална Софија ја блокира.
По телефонскиот раговорор на оваа тема со австрискиот претседател Александар Ван дер Белен и денешната средба со германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер, на која, исто така, се разговарало за нашата земја. Радев попладне во Стразбур имаше средба и со францускиот претседател Емануел Макрон.
Како што јавуваат бугарските медиуми, меѓу главните точки на состанокот со Макрон биле билатералните односи меѓу двете земји, влезот на Бугарија во Шенген-зоната, како и европската перспектива на Македонија.
Радев, во разговорот со Макрон, слично како претходно на средбата со Штајнмаер, рекол дека Бугарија очекува конкретни и неповратни резултати во билатералниот дијалог со Република Северна Македонија, кои ќе ги гарантираат европските вредности во однос на почитувањето на човековите права и прекинот на говорот на омраза, како и заштитата. на бугарската културно-историско наследство во земјата.