Радев: Реконструкцијата на владата е купување време на штета на Бугарија

– Бугарскиот претседател Румен Радев денеска оцени дека реконструкцијата на владата што ја направи премиерот Бојко Борисов, а денеска беше потврдена од парламентот, е обид да се купи време на штета на Бугарија.

-Најлошата можна работа во земјата и општеството е кога јавноста не и верува на владата, рече Радев, пренесен од БТА.

Борисов смени четворица министри по двонеделните протести со кои се бара оставка на владата и државното обвинителство. Пред околу десетина дена претседателот Радев побара оставка од владата.

Зборувајќи денеска пред новинарите Радев кажа дека најважно е дека сега постои силна граѓанска волја за која верува дека ќе придонесе за зголемување на политичката волја.

-Ни треба влада чиј приоритет ќе биде безбедноста и просперитетот на бугарските граѓани, а не интересите на деловните кругови, рече Радев. сд/

Back to top button
Close