Радев со убедливо водство пред Герџиков одат во вториот круг од претседателските избори во Бугарија

Излезните анкети од претседателските и парламентарните избори во Бугарија покажуваат дека излезноста била 32,9 отсто, соопшти според Агенцијата за истражување Алфа.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, за актуелниот претседател на Бугарија и кандидат за нов мандат Румен Радев гласале 49,1 проценти од граѓаните, а за Анастас Герџиков – 26,5 отсто, лидерот на МРФ, Мустафа Карадај освоил 9,8 отсто, а независниот кандидат за претседател и шеф на Врховниот касационен суд Лозан Панов добил 5,06 проценти од гласовите.

Ниту еден од кандидатите за претседател не успеа да ги добие потребните гласови и битката ќе се решава во вториот круг.

Ќе се соочат актуелниот шеф на државата Румен Радев и предложениот од иницијативниот одбор проф. Анастас Герџиков. Во моментов разликата меѓу нив е 24,3 проценти во корист на Радев.

-Убеден сум дека ќе успееме да го смениме резултатот, бидејќи на претседателските избори се гласа мнозински, а не партиски, рече Герџиков.

Back to top button
Close