Радио Слободна Европа прекинува со работа во Русија

Радио Слободна Европа ја прекинува својата работа во Русија, соопшти медиумот.

Во соопштението потпишано од претседателот и извршен директор на РСЕ, Џејми Флај, се наведува дека рускиот сервис на Радио Слободна Европа се соочува со стечајна постапка и дека неговите новинари биле под притисок на полицијата.

-Сервисот ќе продолжи да се обидува да допре до руската публика користејќи ја „секоја можна платформа“, додаде тој.

Неколку медиумски организации, вклучително и Би-Би-Си, ја прекинаа работата во Русија како одговор на новиот закон со кој се заканува затворска казна за секој за кој владата верува дека шири „лажни вести“ за руските вооружени сили. с

Back to top button
Close