Радовишанец се обидел да ги нападне полицајците, па бил приведен

Вчера во 19:00 часот во Полициската станица Радовиш бил приведен А.Ф.(36) од Радовиш.

Тој дошол во просториите на полициската станица Радовиш во алкохолизирана состојба, за да пријави нарушување на јавен ред и мир во кое учествувал, при што почнал агресивно да се однесува кон полициските службеници.

„Лицето било задржано во Полициската станица Радовиш и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, информираат од МВР.

Back to top button
Close