Рафиз Алити: Ахмети и Ковачевски разговарале за можно законско решение за поранешните војници на УЧК

Алити открил дека пред неколку месеци Ахмети го отворил ова прашање со Ковачевски и со поранешниот генерал Стојанче Ангелов, дека е подготвен да се усвои закон, кој ќе се занимава со категориите настрадани во 2001 година

Лидерот на ДУИ Али Ахмети, пред неколку месеци разговарал со премиерот Димитар Ковачевски околу можно законско решение со кое би биле опфатени сите засегнати од конфликтот во 2001 година, вклучувајќи ги тука и поранешните војници на УЧК и семејствата на мачениците, изјави во интервју за Алсат поранешниот командант на УЧК Рафиз Алити, со прекар Учителот, објави весникот на албански јазик „Лајм“.

L

Но, Алити не кажал каков бил исходот од овие разговори меѓу двајцата партнери од владината коалиција и дали Ковачевски покажал подготвеност за идејата на Ахмети. ДУИ и нејзиниот шеф Али Ахмети од крајот на војната повеќепати ветуваа правно решение за статусот на УЧК, но ова прашање остана нерешено и 22 години по конфликтот, пишува „Лајм“.

Алити открил дека пред неколку месеци Ахмети го отворил ова прашање со Ковачевски и со поранешниот генерал Стојанче Ангелов, дека е подготвен да се усвои закон, кој ќе се занимава со категориите настрадани во 2001 година.

„Не се само борците на УЧК. Има и неколку други категории, како што е случајот со Куманово, случајот со Порој, или во Тетово, кое беше бомбардирано, или во Љуботен, случајот со цивилите, кои настрадаа. Ги имаме и семејствата на исчезнатите, било од македонска или од албанска страна. Со сеопфатен закон да овозможиме да бидат третирани од државните институции, за да имаат некаква бенефиција, бидејќи и тие семејства мора да преживеат. Донесувањето закон во оваа насока би било од корист за сите граѓани, без разлика кој на која страна биле во 2001 година“ истакнал Алити во интервјуто за Алсат.

Алити посочил дека тој и Ахмети постојано имале средби со меѓународни лица, барајќи модалитети за решавање на статусот на поранешните војници на ОВК, но според него, недостига волјата на македонската страна.

Лидерот на достоинство Стојанче ангелов, во мај годинава, информираше дека поднел иницијатива до Владата за да се донесе одлука за обесштетување на бранителите од 2001 година. Од страна на премиерот Димитар Ковачевски и лидерот на ДУИ, Али Ахмети, е дадена недвосмислена поддршка, но и зелено светло таа да биде сериозно разгледана, рече тогаш Ангелов.

Ковачевски и Ахмети се за сериозно разгледување на иницијативата за обесштетување на бранителите од 2001 година, вели Стојанче Ангелов.

Back to top button
Close