Ракометарите на Вардар стартуваа со победа во Струга

Ракометарите на Вардар вечерва со победа од 38:25 ја почнаа новата сезона. „Црвено-црните“ брзо го надминаа поразот во Супер купот од Еурофарм Пелистер во Кавадарци. Во дуелот со Струга домаќинот имаше предност само на почетокот со 3.2 и 4:3, а потоа Вардар ја наметна својата игра и стигна до убедлива победа.

Најефикасен на натпреварот беше јапонскиот интернационалец кај Вардар Харуки Кавада со 9 голови, додека Стефан Атанасовски од Струга постигна 7.

Утре се играат два натпревара од првото коло: Прилеп – Еурофарм Пелистер 2 и Пролет – Тиквеш, додека дербито на колото се игра в среда меѓу Алкалоид и Охрид.

На вчера одиграните натпревари: Бутел – Еурофарм Пелистер 20:29 и МРК Куманово – Радовиш 23:14.

Back to top button
Close