Ракометарките на Србија испуштија победа на Светското првенство

Вистинска драма во последните секунди на дуелот меѓу Србија и Фарски острови на Светското првенство за ракометарки. Ракометарките на Србија, кои имаа гол предност (31:30) се одбранија на 30-тина секунди до крајот. Но, потоа следуваа почетнички грешки. Прво топката им беше одземена поради пасивна игра, а потоа ракометарката (Јована Јовичиќ) попречуваше додавање по одземената топка што на седум секунди до крајот значеше црвен картон и седмерец.
Фарски острови го реализираа седмерецот преку Јана Митун и го изедначија резултатот 31:31.
На вториот дуел од денешната програма Полска ја совлада Аргентина со 28:25.
На другите дуели ќе играат: Германија – Црна Гора, Франција – Австрија, Исланд – Шпанија и Холандија – Тунис.
Табела група 2: Германија 6 бодови, Србија 5, Црна Гора 4, Фарски острови 3, Шпанија 2, Исланд 0.
Табела група 3: Франција 4, Холандија 4, Полска 4, Австрија 2, Аргентина 0, Тунис 0.






