Раководството на Алијанса за Албанците крилото на Таравари поднесе колективни оставки

Раководството на Алијансата за Албанците, предводена од Арбен Таравари, едногласно одлучи да поднесе колективна оставка, соопшти ТВ21. Одлуката беше донесена на последната седница на партијата и според соопштението, има за цел организациско освежување и вклучување на нови кадри.

„Одлуката е донесена за спроведување длабоки и сеопфатни реформи кои ќе го зајакнат политичкиот профил и внатрешното функционирање на Алијансата за Албанците“, наведуваат од партијата, додавајќи дека оставките се и рефлексија на резултатите од локалните избори.

До одржувањето на Собранието и конгресот, управувањето со партијата ќе го извршува претседателот Арбен Таравари, додека Собранието официјално ќе ги констатира оставките.

Според статутарните рокови, Собранието на Алијансата за Албанците се очекува да се одржи во средината на февруари, додека конгресот ќе се одржи најдоцна до есента годинава

Back to top button
Close