Раководството на СДСМ на координација со Заев

Најтесното раководство на СДСМ на координација со лидерот на партијата и премиер во оставка Зоран Заев на Илинденска број 2 пренесе ТВ 24 повикувајќи се на високи партиски извори.

Според информациите на координацијата, дел од функционерите очекуваат конкретни детали од Заев во однос на функционирање на нивните пратеници во Собранието. Неофицијално, партиите коишто се уште се водат како актуелно мнозинство се во трка на обезбедување на 61 пратеник до четврток кога треба според роковите да се гласа за инициајтивата на ВМРО-ДПМНЕ за недоверба на владата.

Висок партиски функциониер на СДСМ за телевизијата рекол дека консултациите со дел од претаниците кои ја сменија страната, меѓутоа и со дел од помалите коалициски партнери ги води лично Зоран Заев.

Back to top button
Close