Рама до „Самоопределување“ на Курти: Посакувате Тачи засекогаш да остане во Хаг

t

Албанскиот премиер Еди Рама остро реагираше на изјавата на движењето „Самоопределување“, на Албум Курти, по најавата за протестот што ќе се одржи утре во Тирана, во поддршка на поранешните водачи на Ослободителната војска на Косово, кои се во Хаг.

Движењето му порачало на Рама дека треба да реагира и да го крене гласот во повисоките тела како што се Советот на Европа и ОН за ова прашање, наместо да организира протести во Тирана.

Во својата реакција, Рама го обвинува “Самоопределување” за искривување на претходните ставови за Специјалниот суд, нагласувајќи дека самиот тој во секоја прилика ја осудувал „фарсата против Хашим Тачи и другите“, додека, според него, „познато е колку Самоопределување се придвижило во таа насока“.

-Движењето Самоопределување ми посвети долга објава, каде што е напишано дека пред 10 години сум бил за, додека тие биле против Специјалниот суд… Јас ја осудував фарсата против Хашим Тачи и другите, секогаш и секаде каде што имаше можност или потреба“, наведува Рама.

Шефот на албанската влада додаде дека не е во никаква конкуренција со Самоопределување и нивниот лидер Албин Курти, но дека жали што тие „ги мешаат институционалните односи на Косово со Албанија во чорбата на вториот круг од локалните избори“.

Осврнувајќи се на ставовите од пред десет години, Рама додава дека Самоопределување „дури и не ја признало химната на Косово, а камоли невиноста на Хашим Тачи” и оти со “неговиот лидер би сакале Тачи засекогаш да остане во Хаг“.

Додава дека Специјалниот суд е основан за да истражува наводи за трговија со органи, а не да го „земе претседателот на Република Косово (Тачи) како заложник“.

На крајот, Рама појасни дека тој не е ниту организатор ниту говорник на протестот „Правда за ослободителите“, но го поддржува од сè срце, нагласувајќи дека секое негово политизирање би било на штета на целта и пораката на протестот.

Премиерот Рама, протестот, кој е свикан утре во 17 часот, на плоштадот “Скендербег, го најави на Фејсбук, при тоа порачувајќи дека „сите Албанци од Косово, Северна Македонија, Албанија, дијаспората и секој агол од албанските земји треба да се приклучат на овој сенационален протес“.

Тој објави и фотографија на која пишува „Јас сум УЧК – сенационален протест во Тирана“.

Претходно, протест беше организиран во Хаг, за кого организаторите немаа дозвола и се обидоа насилно да влезат во Судот, но беа спречени од полицијата. Протест беше организиран и во Приштина.

Back to top button
Close