Рама го поздрави договорот за влада меѓу СДСМ и ДУИ
По постигнатиот договор за коалициона влада меѓу СДСМ и ДУИ првата официјална реакција од Албанија доаѓа од премиерот Еди Рама.
Во објавата на социјалната мрежа Твитер, Рама денешниот го нарекува значаен ден за Албанците од Северна Македонија.
– Значаен ден за Албанците од Северна Македонија, кои, благодарение на договорот со победникот на изборите, Зоран Заев, добиваат нова тежина во политичкиот живот во соседната земја.Честитки до сите, посебно до Али Ахмети, кој со мудрост во неговото лидерство во текот на годините има направено толку многу,напиша Рама.
Реагираше и градоначланикот на Тирана Ерион Велиај, кој во објавата на Твитер, договорот го смета за „уникатно достигнување меѓу ДУИ и СДСМ“.
– Честитки до Албанците од Северна Македонија – обединувањето ја прави моќта! Уникатно достигнување постигнатиот договор но и албански премиер, дури и за 100 дена, како почеток. Секој прогрес започнува со првиот чекор напред, напиша Велиај.