Рама: Косово влегува во опасна фаза
Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека со премиерот на Косово Албин Курти има концепциски несогласувања околу проектот „Отворен Балкан“ . Рама во интервју за Телевизија Клан изјави дека проектот „Отворен Балкан“ е од стратешки интерес за албанската нација и додаде дека не ја профаќа идејата дека Косово е надвор од масата на дебата ако Србија е присутна во оваа дебата . -Косово влегува во опасна фаза – вели Рама .
-Ние имаме едно несогласување околу концептот за регионалната политика . За мене Отворен Балкан е стратешки интерес за албанската нација. Отворен Балкан е реализација на 4 –те слободи на ЕУ. Тоа што е реализирано од нашата дипломатија со Белград, претседателот на Србија фактички го признава слободното движење на луѓето како дел од тоа што денеска го нарекуваме Отворен Балкан . Берлинскиот процес фактички е тоа, но тој процес е многу бавен и зависи од европската бирократија . Ние немаме потреба тие да не соберат. Отворен Балкан има поддршка и тоа мошне брза од сите . Ние увидовме дека Берлинскиот процес започна да се одолговлекува. Онаа што јас не го разбирам е тоа : некогаш се водеа војни за да седнеме на маса. Денеска србите се на маса а бегаат косоварите, е оваа е незамисливо. За Отворен Балкан не се дискутира не се проговара , тој ке биде ,, изјави премиерот на Албанија Еди Рама . Приштинскиот весник „Зери“ додава дека во интервјуто за ТВ Клан , Рама истакнал дека Косово е суверено а е против проектот Отворен Балкан , но тоа не треба да влијае во надворешната политика на Албанија.
Во интервјуто Рама ја изнесува оценката дека Косово навлегува во опасен пат мешајќи ја надворешната и внатрешната политика .
– Албанија е суверена во својата надворешна политика . Јас верувам дека ние ја добиваме дипломатската битка со стратешката активност како оваа што ја има Албанија . Албин Курти не размислува така . Тогаш тој е суверен да одлучува за Косово , но не може да одлучува за Албанија . затоа мислам дека Косово има навлезено во опасна фаза неколку години правејки ја внатрешната политика надворешна и надворешната внатрешна – нагласува межу другото во интервјуто за ТВ Клан албанскиот премиер Еди Рама .