Рама на „Отворен Балкан“: Ако невестата ЕУ одлучи да го земе младоженецот Балкан, ние сме тука

Треба да ја зајакнеме и сочуваме особината на регионот без да се плашиме дека ќе имаме повеќе проблеми отколку причинисе збилижиме. Ако Европа са, ако не сака, ние пак сме тука, рече премиерот на Албанија Еди Рама, во обраќањето на самитот на „Отворен Балкан“ во Охрид, говорејќи за тоа што значи иницијативата за иднината на регионот.

Тој потсети дека ова е прв ваков самит по војната во Украина, за која рече дека не изнедаи сите, истакнувајќи дека она што може да се каже од оваа дистанца е дека војната во Украина го прави Отворен Балкан една поголема нужност околку пред тоа.

„Војната во Украина не ни покажа какви се односите меѓу Србија и Русија, дека има одредена историја, ниту дека меѓу Србија и Косово има нерешен спор, сето тоа ние го знаевме и пред тоа. Но останавме посветени кон иднината. И денес сме тука токму затоа бидејќи сакаме да продолжиме кон иднината без да ги затвориме очите за нерешените проблеми, убедени дека тие ќе се решат само ако се грижиме меѓу себе и подобро разбираме секој ден колку сме важни едни за други“ рече Рама.

Тој посебно ја истакна поддршката што ја добива иницијативата од комесарот за проширување на ЕУ Оливер Вархеји и Габриел Ескобар, како и од претставниците на Црна Гора и БиХ кои денеска се тука во Охрид.

Рама исто така говореше и за одолговлекувањето на отворањето преговорите за Албанија и С Македонија за члентво во ЕУ, и целата ситуација ја спореди со свадба.

„Велам свадба бидејќи секогаш кога доаѓа Европскиот совет се спремаме како за на свадба. Албанија веќе не се спрема за свадба. Ако е случи ќе одиме како што сме облечени, нема да сме свечено, нема оркестар, нема да трошиме на банкет и сватови, па да нема кој да дојде по невеста или нема да дојде зетот. ‘Отворен Балкан’ е младоженецот, а невестата е ЕУ. Ова е лошо за нас, подобро да бевме невеста побрзо ќе не земеа. Кога си маж со толку проблеми, со такво минато, е голем прблем. Но нашиот пат е многу јасен – ние сакаме Европа да ја изградиме овде, наши системи на функционирање и потоа кога тие ќе сакаат свадба ќе бидеме подоготвени“ рече Рама.

Притоа тој упати пораки и до властите во С Македија, но и критики од однесувањето на Бугарија.

„Затоа не земајте ја со многу стрес оваа свадба и кај нас го пренесувате тоа. Бугарија е исто така маж со проблеми. Ако сакаат свадба тука сме, ако не сакаат пак сме подготвени. Сега е време да завршите со тој стрес – не викнаа не не викнаа, не сакаат не не сакаат. Важно е работите да ги направите. Кога БУгарија ќе заврши со оваа логика, ќе заврши со оваа игра ќе ја фрли таа кукла и ќе се отвоврат преговорите. Овде зборуваме за отвирање преговори, а тие ќе завршат кога актуениот премиер ќе биде дедо, стар човек. Да продолжиме со преговорите, сакаме да сме дел од ЕУ“ додаде тој.

Тој исто така упати и критики до ЕУ за нејиниот однос.

„Некогаш кога одевме во Брсел одев да добијам охрабрување од нив. Сега кога одам ми изгледа дека јас треба ним да има дадам охрбарување. Некогаш ми изгледаа врвот, а денеска ми е некако жал, одиме да им дадеме енергија, бидејќи Балкат нем да умре, а овој отворениот уште помалку. Ниту Србија ниту РСМ нема да одат на друга планета, ниту Босна ќе избега од тоа место. Ние исто така така“ рече Рама.

Извор: 360 степени

Back to top button
Close