Рама нема да дозволи одржување на протести

Албанскиот премиер Еди Рама денеска изјави дека нема да дозволи одржување на протести во земјата па макар тие да се и политички. Изјавата албанскиот премиер ја даде поради зголемениот број на заболени од Коронавирус во земјата  но и поради секојдневните протести што се случуваат во главниот град Тирана. Според него токму протестите  го стимулираат зголемувањето на заболени од Ковид 19.

Тиранскиот весникот „Мапо“ нагласува  дека Рама оваа одлука ја носи во време кога има протести на матирантите, но има и најава на протести на политичките партии. Притоа се наведува дека експертите во Албанија укажуваат дека основни жаришта на вирусот се болниците .

Владата во Тирана последните денови најавува построги мерки во однос на почитувањето на мерките за заштита на населението но исто така и евентуално вракање на полицискиот час.  Во Тирана повеке од едена недела има протести на матурантите кој бараат одредени олеснувања при полагањето на државната матура .

Од друга страна опозицијата најавата на премиерот Еди Рама за забната на протестите  се оцернува како обид на мнозинството да ги запре политилките активности во земјата .

 

К. М.

Back to top button
Close