Рама: Никогаш не сме биле поблиску до ЕУ

Албанскиот премиер Еди Рама, од Скопје каде што се одржува самитот на лидерите на ЕУ и Западен Балкан, нагласи дека никогаш не сме биле поблиску до ЕУ.

Рама вели дека има позитивна атмосфера, и додаде дека сите обврски ќе бидат исполнети во предвидените рокови заедно со Европската комисија.

„Никогаш не сме биле поблиску до остварување на вековна аспирација. А од друга страна, ми е мило што има генерално позитивна атмосфера во овој поглед. Многу сме блиску. Никогаш не сме биле поблиску и цврсто верувам дека ќе ги исполниме сите наши обврски како што ги предвидовме роковите со Европската комисија и заедничкиот план ќе биде целосно реализиран“, изјави албанскиот премиер Еди Рама

Back to top button
Close