Рама: Туристите кои “зборуваат албански и сакаат да одат во војна со Србија” се “најголеми загадувачи на плажите“

Премиерот на Албанија, Еди Рама, изрази критики кон туристите Албанци од Албанија, Косово и Македонија, нарекувајќи ги „најголеми загадувачи“ на плажите, иако се претставуваат како најпатриотски.

Рама истакна дека не туристите кои зборуваат англиски, шпански или италијански, туку оние кои зборуваат албански – „кои сакаат да одат во војна“ со Србија на стадионите – се најголеми загадувачи на плажите.

Премиерот додаде дека планира и забрана на музиката „талава“ во плажните барови, како дел од мерките за подобрување на животната средина и туристичката култура

Back to top button
Close