Рама: Веќе не очекуваме ништо од ЕУ

Албанскиот премиер Еди Рама, во интервју за шпански „Ел Паис“ дадено ден пред денешниот самит ЕУ-Западен Балкан, вели дека „веќе не очекуваме ништо од Европската унија“.

„Научивме, на тешкиот пат, да не очекуваме ништо, бидејќи видовме дека Европа не е во многу добар момент, има многу внатрешни проблеми и проширувањето не се чека со ентузијазам – изјавил Рама за самитот, пренесува „Топ Чанел“.

Прашан за извештаите за високи нивоа на корупција во неговата земја, премиерот вели дека не е сè веродостојно.

„Ситуацијата е поинаква. Некои извештаи треба да се земат многу внимателно: како се прават, кој ги прави, итн. Тие не се научни и немаат врска со реалноста. Не велам дека Албанија нема проблеми со корупцијата, бидејќи тоа би било лага, но дека воопшто не може да се спореди со пред осум години. Секако дека е земја со проблеми бидејќи доаѓаме од долго и болно минато – изјавил тој, мислејќи на комунистичкиот режим.

Рама додал дека 30 години се многу време во животот на една личност, но ништо во текот на историјата, нагласувајќи дека процесот на градење институции не е лесен.

Back to top button
Close