Рамадани: Јас не сум член на СДСМ и БЕСА, но сум член на коалицијата „Можеме“

Јас не сум член ниту на СДСМ, ниту на БЕСА, но сум член на Коалицијата „Можеме“, затоа што сум 100 отсто сигурен дека оваа коалиција е со евроатланска ориентација и носи евроатланска перспектива, порача на малиот јавен собир во организација на Коалицијата „Можеме“, Исмет Рамадани претседателот на невладината организација Евроатлански сојуз.
Рамадани истакна дека со Договорите со Грција и Бугарија која ги постигна Владата предводена од СДСМ и претседателот Зоран Заев се отворија портите кон НАТО и ЕУ, а тоа влијае на внатрешната стабилност, на унапредување на меѓучовечките и меѓуетнички односи.

Back to top button
Close