Расчистена кражба во Велес, приведен скопјанец

Полицијата од СВР Велес денеска во 10 часот го лишила од слобода Т.М.(67) од Скопје затоа што околу 08.30 часот во маркет на улица „Благој Ѓорев“ во Велес од П.Д.(82) од Велес одзел паричник со пари и лични документи.
Од Министерството за внатрешни информации информираат дека по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Back to top button
Close