Расчистена серија кражби во пет града: Полицијата приведе двајца осомничени

Полицијата расчисти серија тешки кражби извршени во пет града, а во рамки на истрагата се лишени од слобода две лица од Кочани.

Како што соопшти МВР, полициски службеници од ОВР Кочани и ОВР Виница ги лишиле од слобода В.З. (26) и Д.С. (43), двајцата од Кочани, поради сомнение дека се сторители на повеќе кривични дела.

Според досегашните сознанија, во текот на август и септември годинава двајцата се сомничат дека извршиле повеќе кривични дела на подрачјата на Кочани, Виница, Делчево, Македонска Каменица и Пробиштип.

 

Станува збор за седум тешки кражби во станбени и деловни објекти, три тешки кражби во обид во станбени и деловни објекти и патнички возила, како и едно кривично дело спречување на докажување, за кое се сомничи В.З.

 

— реклама —

 

Во рамки на преземените мерки, а по судска наредба, биле извршени претреси во домовите на осомничените. При претресите биле пронајдени и одземени предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од наведените кривични дела.

Од МВР информираат дека по целосното документирање на случаите, против двете лица ќе биде поднесена соодветна пријава.

Back to top button
Close