Расчистени два случаи на поттикнување омраза и насилство преку интернет


Секторот за внатрешни работи Тетово во координација и содејство со Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика на МВР целосно расчисти два случаи на коментари со заканувачка содржина со кои се промовирале или поттикнувале омраза и насилство, напишани на објави од интернет портали.
Поради сомнение дека се автори на ваквите коментари, во Полициската станица Тетово вчеравечер (9 јули) повикани се Џ.Л.(40) од Тетово и Д.Р.(37), од тетовско село, со кои бил извршен службен разговор, при што Д.Р. го признал делото.
Од МВР информираат дека по документирање на случајот против двете лица ќе следуваат соодветни поднесоци

Back to top button
Close