Расчистено вчерашното „убиство во обид“ во скопско, одредена мерка притвор

Педесет и петгодишен жител од скопското село Студеничани, вчера во 01:00 часот пријавил дека претходниот ден околу 20:00 часот во близина на џамија во истото село, бил физички нападнат од две шеснаесетгодишни малолетни лица.

Како што соопшти денеска МВР, на нападот му претходела вербална закана по неговиот живот по што едниот малолетник извадил нож се затрчал кон пријавителот и го нападнал со ножот.

-Од страна на доктор при ГОБ „Свети Наум Охридски“ кај Р.К. (55) се констатирани тешки телесни повреди – убодни рани и истиот бил задржан на понатамоишно лекување. Известен е надлежен ЈО, а од страна на ЕУМНА извршен е увид на местото на настанот, додека пак од страна на инспектори од ЕВР-ОКР Аеродором бил сочинет Записник за примање на пријава по чл.123 вв. 19 од КЗ на РСМ. По насоки на Јавен обвинител за малолетници со оглед дека се работи за кривично дело убиство во обид, 16 годишниот малолетникот е лишен од слобода во Полициска станица Драчево по што му е определена мерка притвор во траење од 30 дена. Лицето е предадено во Казнено-поправна установа Затвор Скопје, соопшти МВР.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close