Рашела Мизрахи пријавила во полиција дека ја следеле и фотографирале лица со качулки

Вчеравечер во 23 часот и 40 минути поранешната дополнителна министерка за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи, пријавила во полиција дека во неколку наврати била следена од непознати лица, пренесе Слободен печат повикувајќи се на МВР.

Според пријавителката вчера во 18 часот пред училиште ,,Крсте Мисирков“ во населбата Синѓелиќ додека била на состанок на политичка партија, возило ,,Голф“ со кумановски регистарски таблички во повеќе наврати кружело околу местото.

повеќе

Back to top button
Close