Рашфорд сака да остане во Барселона


Англискиот напаѓач Маркус Рашфорд (28) изјави денеска дека неговата цел е да остане во редовите на Барселона, каде ова лето дојде на едногодишна позајмица од Манчестер јунајтед.
Рашфорд добро се вклопи во каталонскиот клуб, постигнувајќи досега седум голови, а додаде и 11 асистенции.
„Сè е фантастично, моите соиграчи, тренерот, немам никакви поплаки. Сè се среди, добро се вклопив во тимот и животот во овој град. Се чувствував добредојден од самиот почеток. Барселона е голем клуб, создаден за освојување титули и мојата цел е да останам во Барса. Работам напорно на тренинзите и давам сè од себе, бидејќи сакам да му помогнам на клубот да освојува трофеи“, посочи Рашфорд во изјава за британските медиуми.
По истекот на позајмицата, Барселона ќе може да го откупи неговиот договор за 30 милиони евра.
Со добрите настапи во дресот на каталонскиот клуб, Рашфорд, исто така, се врати и во составот на репрезентацијата на Англија.

Back to top button
Close