ВМРО ДПМНЕ: Рашковски е пуштен од притвор, откако се раширија гласините дека ќе пропее за Зоран и Вице Заеви

Соопштение на ВМРО ДПМНЕ
Реакција од ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Мила Царовска - МИА

Драги Рашковски е пуштен од притвор, откако се раширија гласините дека ќе пропее за Зоран и Вице Заев, за сите бизниси и се што знае за работењето на браќата Заеви.

Откако се раширија гласините Заев панично по медиуми почна да кружи со приказната дека Рашковски работел законски, и дека не верува дека сторил криминал. Заев со таквите изјави од позиции на прв во владата изврши притисок врз судството и обвинителството и му даде сигнал што да прави.

Заев се дрзна да влијае на постапка затоа што знае дека Рашковски е негов директно потчинет во владата. Се што знае Заев во голема мерка знае и Рашковски.

Дека Рашковски е свесен за калта во која заглавил доказ е и префрлањето на имотот врз своите малолетни деца. Што и од кого крие со тоа? Дали со тргањето имот од себе сокрива некаква трага?

Back to top button
Close