ВМРО ДПМНЕ: Рашковски како и Ден Дончев и Лидија Димова поднесоа оставка, ама потребна е одговорност и судска разврска за нивните скандали

Соопштение на ВМРО ДПМНЕ:
Изнудената оставка на Рашковски пропратена со арогантен напад на јавноста не е преземање на одговорност.
Драги Рашковски има и тоа колку многу причини да одговара, почнувајќи од скандалот Леонардо, преку САРХЕМС, па до најновиот скандал со набавката на софтверот на МВР, но и за непријавениот имот, џип и хациенда.
Но ако мислат Рашковски и неговиот шеф Зоран Заев дека со оставката ќе ги покријат милионските скандали, се лажат.
Зоран Заев очигледно сака своите соработници кои се до гуша заглавени во криминали и корупција да ги спасува само со оставки.
Така беше случајот со ден Дончев и Лидија Димова, така е и сега со случајот на Драги Рашковски.
Овие милионски скандали не се покриваат со оставка, потребана е одговорност и судска разврска.