Рашковски не си оди од владата, пак ќе биде секретар ама за мониторинг и поддршка

Драги Рашковски, доскорешниот генерален секретар на Владата, не си оди од „Илиненденска“ ниту откако вчера неговата функција ја презема Мухамед Зекири.

Рашковски е поставен на друга позиција во владиниот кабинет. Тој, во изјава за ТВ 24, вели дека од денеска е на функцијата секретар за мониторинг и поддршка на институциите при реализацијата на владината програма.

Всушност, станува збор за нова функција, која, како што обави денеска „360 степени“, е предвидена со измени во одлуката за формирање канцеларија на претседателот на Владата. Одлуката вчера беше објавена во „Службен весник“, а со неа се предвидува и формирање на посебен секретаријат за мониторинг и поддршка на институциите.

Исто така, треба да се формираат уште два нови секретаријати – за „комуникации“ и за „администрација“, со секретари и помошници на секретарите.

Back to top button
Close