Рашковски останува во куќен притвор

Поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, останува во куќен притвор, односно Обвинителствот за гонење на организиран криминал и корупција не побара мерка притвор, иако денеска поднесе обвинение против Рашковски и уште шестмина.

-Ценејќи дека околностите врз основа на кои на првообвинетиот и четврто обвинетиот им се определени мерки за обезбедување се непроменети и дека целта на куќниот притвор, определена од судија на претходна постапка, не би можела да се оствари со некоја друга мерка за обезбедување, предметниот обвинител со Обвинителниот акт достави и посебен предлог за продолжување на куќниот притвор спрема двете лица, велат од Обвинителството.

Оттаму додаваат и дека замрзнат е имот во износ од над 5 милиони денари.

-Исто така, со обвинителен акт согласно чл.118 ст.2 в.в со чл.120 од ЗКП, е предложено да биде определена привремена мерка за обезбедување на имотно – правно барање на износ од 5.050.000,00 денари, за сторената штета во вкупен износ од 18.794.137,00 денари што настанала поради извршување на кривичното дело, велат од Обвинителството.

Back to top button
Close