Рашковски тврди дека софтверот за МВР бил набавен со одлука на Влада

Адвокатите на Драги Рашковски, обвинет за случајот „Софтвери“ испратија соопштение по денешното рочиште на кое сведочеа неколку сведоци.

„Софтверот е набавен со Одлука на Влада, со документ за технички прием и во целосно легитимна постапка ова го потврдува и ОЈО со материјалните докази. Постои одлука на Владата на Република Северна Македонија за набавка на „спорниот” софтвер којашто датира од декември 2019 година. Постојат и документи што потврдуваат дека софтверот има технички прием. Тоа значи дека е почитувана целосно постапката за набавка во Влада и дека целиот процес е легитимен.
И покрај тоа што тој документ постои и докажува дека се е законски спроведено, ОЈО го игнорира овој факт и свесно продолжува да брани обвинение кое нема никаква основа.
Имено, во дописот испратен до Основното Јавно Обвинителство во јуни 2021 ги има сите документи, одлуката, записник од техничкиот прием, потврда дека софтверот е во сопственост на државата. Нејасно е зошто одлуката на Влада не се доставува како доказ од ОЈО. Постапката е целосно почитувана за набавка на софтверот, а јавното обвинителство игнорира дел од документите за да прикаже друга реалност.
Поставуваме прашање, дали се бориме вистината да излезе на виделина, или некој намерно сака да прикаже сосема друга слика во јавноста. Зошто овие документи не се презентираат во Судот.
Поради тоа следниот месец ќе направиме и јавно вештачење на централна скопска улица за да се увери јавноста дека софтверот функционира„, велат од правниот тим на Рашковски.

Back to top button
Close