Раскол во албанската опозиција – војна помеѓу Бериша и Баша

Одлуката на претседателот на Демократската партија на Албанија Лулзим Баша за исклучување на екс премиерот и екс претседател на Албанија Сали Бериша од парламантарната група на оваа  партија создаде рескол во партијата .   Оваа е оценка на се онаа што се случува деновиве во оваа најголема опозициона партија во Албанија .  Сали Бериша ја осуди одлуката на Баша и ја оцени како негова лична желба донесена под притисок на САД и започна политички активности во базата со цел соборување на актуелниот лидер на партијата Лулзим Баша. Бериша и покрај тоа што контролира само 4 пратеници од вкупно 59 колку што демократите имаат во новото собрание , во базата добива  нагласена подршка  . На првите средби со  во неколку градови во земјата Бериша бара соборување на претседателот на партијата Лулзим Баша и превземање на партијата од негова страна . Бериша вели дека неговото прогласување од страна на САД за перона нон грата е дело на Сорос и преемиерот Еди Рама , бидејки како што објаснува тој е голем пријател на Америка . Од баша бара свокување на состанок на највисоките тела на партијата се со цел тие да се изјаснат за состојбата на партијата  притоа обвинувајки го Баша за соработник со премиерот Еди Рама и нанесувајки големи штети на опозицијата .

Во оваа голема политичка војна ставовите на раководството на Демократската партија се разделени.  Дел сметаат дека одлуката на САД Бериша да не е дел од партијата е исправна а друг дел не се согласуваат со оваа додавајки дека Бериша секога имал добри односи со САД. Американската амбасадорка во Тирана Јури Ким која дава силна подршка на претседателот на Демократската партија Лулзим Баша изјави дека Бериша е помешан со корупција и  и незаконско работње  за време на неговото владеење со Албанија  затоа е и прогласен персона нон грата  . Таа најави дека наскоро персона нон грата ке се прогласат и други политичари во земјата .

К. Мимидиноски

Back to top button
Close