Раст на извозот
1. Според Заводот за статистика извозот од Македонија, заедно со Зоните бележи пораст.
2. Трговскиот дефицит е нешто над 1.2 милијарди евра. Тоа значи за толку е поголем вкупниот увоз од извозот.
3. За да ја добиете правата и реална Голема Слика за државата, потребно е да се исклучи увозот и извозот на Зоните од документот на Заводот за Статистика. Ќе прашате зошто? Затоа што Зоните се само виртуелно во Македонија. И нивниот ефект е магловит од аспект на cost/ benefit анализа.
4. Заводот е должен да објавува вакви сегментарни податоци. Верувам, нема да им дозволат да ги објават. Да не ги вознемируваат граѓаните на Фалцбук.
5. А замислите да објават сегментарни податоци за првите 50 компании од Македонија кои во своето производство за извоз имаат учество од најмалку 60% домашни сировини и материјали? Не би требало. Тој документ би бил многу вознемирувачки.
6. Но со сигурност Заводот може да направи документ за првите, да речеме, 10-20 компании кои извезуваат производи во кои е содржано најмалку 50 проценти домашни сировини, материјали и полупроизводи. Верувам никој нема да им забрани да го објават. А ќе дадат поттик и признание на компаниите. Ако воопшто има 20 компании со чист трговски суфицит во размената со странство.
Руди Лазаревски