Расте надежта за договор на Самитот на ЕУ за финансирањето на Украина во текот на ноќта, тврдат дипломатски извори

Преговорите меѓу европските лидери на Самитот на ЕУ за финансирањето на Украина продолжуваат, при што расте надежта дека е можен договор во текот на ноќта, брифираат дипломатски извори.
Според нив, како одминува времето, растат шансите дека лидерите ќе донесат одлука за одобрување на планот за заемот за репарации, кој предвидува користење на замрзнатите руски средства во ЕУ за покривање на финансиските потреби на Украина за 2026 и 2027 година.
Извори запознати со текот на состанокот велат дека дискусиите се водат со „конструктивен ангажман“ од страна на лидерите.
Во меѓу време, претставник на германското Министерство за надворешни работи брифираше дека „нема план Б“ за финансирањето на Украина и дека напорите се насочени кон договор за усвојување на заемот за репарации,
Според него, лидерите се пред избор или да се прифати заемот или воопшто да нема договор за финансирањето на Украина.
Тој, изрази надеж дека договор сепак ќе биде постигнат подоцна вечерва, посочувајќи дека во Советот не постои „блокирачко малцинство“, односно доволен број земји членки кои би гласале против и не би било обезбедено потребното квалификувано мнозинство.
За усвојување на предлогот доволна е поддршка од најмалку 15 земји членки во кои живеат најмалку 65 отсто од жителите на блокот






