Растерани демонстрантите од пред српскиот Парламент

Припадниците на српската жандармерија, засилени со полициската коњица ги растераа демонстрантите од пред платото на Домот на Народното собрание во Белград.

Жандармеријата направи кордон околу зградата на Парламентот, а демонстраните се повлекоа во блискиот парк.

Полицијата и демонстрантите се судрија околу 20 часот и 30 минути кога пред српскиот Парламент беа нападнати припадниците на жандермеријата со камења, шишиња, како пиротехнички матреријали. Демонстрантите отстранија и дел од металната ограда поставена пред Парламентот, а полицијата употреби солзавец.

Back to top button
Close