“Растрчани лекари, крв на главата, не нѐ препозна како родители” Страшни приказни од основни училишта – насилството се врти во круг

Алармантни, бизарни и вулгарни случаи – со овие зборови родители, психолози и претставници на институции го опишуваат насилството меѓу учениците. Во тек е бојкот на настава во две основни училишта во Скопје заради дете со насилно однесување. Училиштата ги кријат проблемите „под тепих“, а ако родителите не соработуваат системот го одолговлекува решението, пиува Радио Слободна Европа.

„Кога ја видов сликата, тоа беше шок – Брза помош, растрчани лекари, крв на главата, не нѐ препозна како родители. Состојбата му беше критична“, вели татко на ученик кој доби тешки телесни повреди од соученик во исто одделение, во инцидент во ноември во основно училиште во внатрешноста.

Кога му јавиле дека детето се повредило во училиште, помислил – спортист е, паднал при игра и скршил рака или нога.

Не било така. Ученикот неколку дена помина во клиничка болница и уште се лекува. Лекарите процениле дека ќе му бидат потребни шест до осум месеци додека да закрепне.

„Апелирам преку грбот на моето дете да се извлече поука за понатаму. Многу зачестија ваквите настани во училиштата, а општеството ги минимализира, почнувајќи од институциите, училиштата и родителите“, изјави родителот кој сакаше да остане анонимен, за Радио Слободна Европа (РСЕ).

 

Во меѓувреме ученикот не оди во училиште. Допрва ќе се проценува кога ќе може да се врати и како да ја надмине траумата.

 

Инфографика – Пријави за меѓуврсничко насилство во 2023 и 2024 година

Инфографика – Пријави за меѓуврсничко насилство во 2023 и 2024 година

Вкупно 155 пријави за меѓуврсничко насилство се пријавени во Министерството за внатрешни работи (МВР) од почетокот на 2024 година.

Половина од нив се случиле во Скопје, се податоците што ги добивме од МВР.

Минатата 2023 година завршила со вкупно 177 пријави.

 

Страв и кај децата и кај родителите

„Прво ми го скрши телефонот. Ми рече ако кажам на некој, полошо ќе биде. Потоа ми ја фрли јакната од прозорецот на втори кат. На сите од класот им зборува лошо за мене и поради тоа никој не сака да зборува и да седи до мене. Едвај чекам да дојде деветто одделение и да си одам од ова училиште“ – ова ` го рекла седмооделенка на мајката, по долги убедувања да каже зошто не се дружи со никој од училиште.

Но, ваквите случаи се меѓу „полесните“ вознемирувања.

Повеќе

Back to top button
Close