Разбиена мрежа за нелегален престој на странски државјани


Полицијата презема решителни чекори за внатрешно чистење и сузбивање на организирана шема за нелегално регулирање на престој на странски државјани во државата.

Денеска е зголемено присуство на полицијата во Штип, Скопје и на дел од граничните премини кон Косово.Според неофицијални информации, акцијата опфаќа претреси на повеќе од 10 локации. Се претресуваат домови и возила, а се вршат и лични претреси. Претреси се вршат и во службени простории на МВР, вклучително и во Канцеларијата за странци во зградата на Македонската телевизија. Неофицијално дознаваме дека се одземаат лични предмети, мобилни телефони и значајна документација поврзана со криминалната шема.

Извори на МВР брифираат дека криминалот ја јаде државата одвнатре, но очигледна е решителноста на полицијата да го воспостави редот и да сузбива разни облици на организиран криминал кој длабоко е вкоренет во администрацијата на секое можно ниво.

Back to top button
Close