Разбојници упаднале во куќата на екс-сопственикот на Адидас,го врзале,претепале и ограбиле

Тапи и неговата сопруга спиеле кога четворица мажи влегле во куќа во Комбс-ла-Вил во близина на Париз околу 00:30 часот, по што ги претепале и ги врзале со електрични кабли.

Доминик Тапи успеал да се ослободи и да повика полиција од куќата на соседот. Таа има полесни повреди од неколкуте удари во лицето и е пренесена во болница на преглед.

„Таа е добро“, рече внукот Родолф Тапи.

Седумдесет и осумгодишниот Бернард бил удрен со пендрек по главата, но тој одбил медицинска помош, изјави обвинителката Беатрис Ангелели.

Крадците украле два часовници, од кои едниот Ролекс, обетки, нараквици и прстен, изјавил за Франс Прес извор близок на истрагата.

Пред три недели во истиот регион во Париз, две sвезди на фудбалскиот клуб Париз Сент Жермен, Аргентинецот Анхел Ди Марија и Бразилецот Маркињос беа ограбени.

Тапи, краткотраен министер во социјалистичката влада во 1992 година на Франсоа Митеран, кој изградил спортска и медиумска бизнис империја, имал повеќе проблеми со правосудниот систем.

Тој се стекнал со богатство преземајќи пропаднати компании со наводно сомнителни методи.

Често се фалел со своето богатство, па купил јахта од 72 метри и фудбалскиот клуб Олимпике Марсеј, кој ја освоил титулата шампион на Франција, додека тој бил негов сопственик.

Тапи исто така бил осомничен за наводни местење натпревари во првата француска фудбалска лига

Back to top button
Close