Разбојник се обидел да ограби маркет во Карпош – Полицијата трага по човек во црвени пантолони

Според информациите во некои медиуми, при бркотницата се слушнале истрели, а дел од жителите на населбата бегале во паника
Разбојник се обидел вечерва да ограби маркет во скопската населба Карпош 3, објави „Канал 5“, повикувајќи се на полициски извори. Инцидентот се случил во близина на „руските згради“ кај болницата „8 септември“.

Според информациите, полицијата трага по разбојникот кој бил облечен во црвени пантолони. Од МВР ги повикуваат граѓаните да пријават доколку го забележат.

Според информациите во некои медиуми, при бркотницата се слушнале истрели, а дел од жителите на населбата бегале во паника.

Од полицијата официјално велат дека тим од интервентната единица спроведува акција за приведување на разбојник, кој според пријавеното, околу 21 часот извршил кривично дело разбојништво во маркет на улицата „Драгиша Мишовиќ“.

Back to top button
Close