Разбојништво во ГТЦ! Со пиштол ограбена филијала на брз кредит!

Денеска околу 16 часот и 30 минути со пиштол е ограбена филијала на брз кредит во Градскиот трговски центар во Скопје, дознава Инфомакс.
Според нашите информации се работи за едно вооружено лице, кое по грабежот се дало во бегство.
Од МВР ја потврдија информацијата, меѓутоа повеќе детали најавија во текот на денот.