Разгледана Информацијата за утврдување на етичко однесување за членовите на Владата и носителите на именувани јавни функции

На предлог на заменичката на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжена за политики на добро владеење Славица Грковска  на денешната владина седница е разгледана Информацијата за утврдување на етичко однесување за членовите на Владата и носителите на јавни функции именувани од страна на Владата со Кодекс за етичко однесување на членовите на Владата и носителите на јавни функции именувани од страна на Владата.

Измените на Кодексот за етичко однесување на членовите на Владата и носителите на јавни функции, се наведува во соопштението од владината прес-служба, во најголем дел, се резултат на забелешките и препораките на ГРЕКО, а се однесуваат на унапредување на определбата на Владата за етичко однесување на членовите на Владата и другите јавни функционери, кои се должни да работат во интерес на граѓаните.

Back to top button
Close