Разговараме со меѓународниот фактор за гаранции за уставните измени, вели Меџити

Првиот вицепремиер во новата влада, Изет Меџити вели дека се разговата со меѓународниот фактор за гаранции за уставните измени.

-Тие начелно се за уставните измени, се за внесување на Бугарите во Уставот, но заедно со меѓународниот фактор разговараме за можностите да има гаранции дека нема да има нови барања додека трае процесот. Односно, дека ова ќе биде единственото барање од страна на бугарската држава, од Бугарите, изјавил Меџити за „Дејли клик“ на ТВ 21.

-Од Европската Комисија информираа дека се јасни очекувањата од Македонија – исполнување на уставните амандмани за кои Скопје се обврзало да ги спроведе за да може да продолжи по својот ЕУ пат.

Премиерот Христијан Мицкоски пак уште е на ставот дека нема уставни измени под бугарски диктат, додека „Влен“ во кампањата најавуваше носење на измените во првите шест месеци од мандатот.

0

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close