Разговор со Билјана Црвенковска како дел од кампањата „Читаме современи македонски автори“

Утре (четврток, 6 октомври) во 19 часот во спомен-собата „Т’га за југ“ во ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје, ќе се одржи разговор со Билјана С. Црвенковска, авторка на книгата „Девет приказни за госпоѓица Сит “, книга за месец октомври во нашата библиотека.

Билјана Црвенковска е писателка, сценаристка , уредничка и преведувачка, магистер по филозофски науки. Главен уредник е во издавачката куќа Чудна шума, како и во истоименото е-списание за деца. Пишува книги за деца и млади, но и проза, поезија и сценарија за ТВ и анимирани серии. Има напишано повеќе романи за деца, меѓу кои: „Што сонуваше Дедо Мраз“, „Супервештерката, мачката и шесте волшебни колачиња“ и наградуваниот „Sвезда Мрак и суштествата од Страшкоград“. Автор е на сликовниците и сценаријата од серијалот „Светот на Биби“, како и на наградуваната сликовница „Невидливата куќа“, илустрирана од Ване Костуранов.

Back to top button
Close