Разговор со Игор Јуриќ: Семејства што двојно страдаат

Игор Јуриќ минал низ најтешката траума за родител, му била грабната и убиена 15-годишната ќерка Тијана. За разлика од многумина со слична судбина, тоj не ја потиснал болката, со години отворено зборува за кошмарот од 2014 година и им помага на семејствата што трагаат по дете или веќе го изгубиле , пишува Призма.

Овој поранешен голман на ФК Спартак од Суботица и фудбалски тренер, денес ја води невладината Центар за исчезнати и злоставувани деца од Нови Сад.

 

Со Игор се сретнавме минатата недела во Скопје. Преку лично искуство ни долови како токсичната медиумска атмосфера, која како по правило ја „поклопува“ јавноста при колективни трауми, влијае врз семејствата што доживеале трагедија налик на неговата.

 

Додека тој и цела Србија ја барале Тијана, се појавил грозен текст во еден српски таблоид. Написот што бил објавен на насловната страница, шпекулирал дека лихвари ја киднапирале ќерка му, со што инсинуирал дека лично тој е одговорен за грабнувањето.

 

„Тие денови помислував на сè и сешто.“

„Човекот што го објави тој текст и убиецот на моето дете се исти! Да не се пронајдеше Тијана и да не се разрешеше убиството, мојата втора ќерка ќе останеше без татко. Јас немаше да го преживеам тоа, немаше да можам да се носам со притисокот дека јас сум одговорен за нејзиното грабнување.

Повеќе

Back to top button
Close