Разговорите Курти-Вучиќ-Борел влегоа во осмиот час  

Нема крај на повидок на разговорите меѓу Александар Вучиќ и Албин Курти со посредство на европските претставници во вилата „Билјана“ во Охрид.

Откако имаа поединечни состаноци српскиот претседател и косовскиот премиер со шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, и со специјалниот претставник на ЕУ за Западен Балкан, Мирослав Лајчак, тие седнаа на трилатерална средба. Првиот сет од неа траеше повеќе од еден час по што беше направена пауза.Повеќе од 230 новинари и сниматели во прес-центарот во хотелот „Инекс-Олгица“ седат рцел ден без при тоа да имаат каква било опиплива информација што се случува во вилата којашто е на околу 400 метри оттаму.

повеќе

Back to top button
Close