Размислува или сака да покаже дека премиерот не и ја одзема функцијата таа да предложи кандидат за гувернер. И требало уште два три дена?!

 

 

Гордана Сиљановска Давкова Фото: Кабинет на претседател

 

И покрај тоа што најави дека денеска ќе го достави предлогот за нов гувернер на Народната банка, претседателката Гордана Силјановска-Давкова се предомисли – „ќе размислувала “ уште два – три дена додека да донесе одлука.

Ова значи дека на утрешната седница нема да се гласа за изборот на нов гувернер на Народната банка, кој ќе ја води оваа функција во наредните седум години.

„Има неколку кандидати и најважно е да не дојде до тоа да не биде избран кандидат“, изјави претседателката Гордана Сиљановска-Давкова минатата недела, најавувајќи дека денеска ќе достави предлог кандидат за наследник на Ангеловска-Бежовска.

Премиерот Христијан Мицкоски претходно изјави дека за гувернерската позиција се во игра вонсериски искусни кандидати за кои е убеден дека ќе ја одржат макроекономската стабилност. Еден од условите за поддршка на кандидатот од ВМРО-ДПМНЕ и од Владата, според Мицкоски, е стриктно бранење на фиксниот курс на денарот.

„Веќе имавме разговори со претседателката на оваа тема, очекувам да ги продолжиме, до крајот на неделата ќе биде јасна позицијата. Очекувам в понеделник да биде информирано Собранието, на 20-ти ќе има седница, разговарав со претседателот на Собранието за дополнување на дневниот ред на 20, така што рокот ќе биде испочитуван“, одговори Мицкоски минатата недела на новинарско прашање.

Сиљановска Давкова јавно изрази несогласување дека премиерот и ја субституира функцијата според која таа по устав ја има обврската да избере кандидат за гувернер кој ке го предложи на собранискиот состав да го изгласа.

Дали наместо како што таа најви дека во понеделник наутро ке достави предлог до собранието исто како што претходно изјави премиерот,е нови два три дена Сиљановска да доразмисли или маневар за јавноста да докаже дека сепак таа а не премиерот го прави изборот како што е според уставот и не е под капата на Мицковски тој да избира таа само да аминува?!

Дека предлогот за нов гувернер ќе биде доставен во Собранието во текот на оваа недела потврди и премиерот Христијан Мицкоски, кој рече дека бил известен за ова од претседателката.

„Знам дека претседателката имаше одредени консултации во текот на викендот. Претпоставувам дека деновиве треба уште еднаш да се видиме, да поразговараме и потоа сум сигурен дека до крајот на неделата или во рамки на оваа недела да биде испратен предлогот за нов гувернер“,рече Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања.

Прашан дали постојат одредени несогласувања помеѓу него и претседателката во врска со изборот на предлог-кандидатот за гувернер на Народната банка, Мицкоски вели дека не постојат такви несогласувања.

Back to top button
Close