Разрешен Енвер Беџети, нема веќе да биде судија во Апелациониот суд
Судски совет го разреши Енвер Беџети, судијата кој чуваше предмети на Сашо Мијалков во фиока за да застарат. Тој повеќе нема да биде судија во Апелациониот суд.
Беџети заедно со Артан Груби се најдоа на црната листа на САД поради забошотување на предметите во кои беше обвинет Сашо Мијалков. Ова стои во решението за негово разрешување кое го донел Судскиот совет.
– Е.Б. се разрешува од вршење на судиската функција, поради сторена потешка дисциплинска повреда што го прави недостоен за вршење на судиската функција, поради потешка повреда на јавниот ред и мир и други посериозни форми на недолично однесување со кое се нарушува угледот на судот… стои во решението на РСС.
Стејд Департментот го стави судијата Беџети на црната листа со забрана за влез во САД, бидејќи имале докази дека е вмешан во значителна корупција преку примање на мито од страна на обвинетиот Мијалков.